| Број: 220 | Издание: 15/5/2009, освежено: 15/5/2009 |
   :: почеток :: контакт :: маркетинг :: за нас ::

ПОЛИТИКА
Шпијунска афера: Преродбата мавната среде "челенка"
Геџовански мајсторлаци за македонцките работи



И тоа ни се случи: вчерашниот 18-ти јануари, МВР, особено нејзината Управа за безбедност и контраразузнавање ги впрегна сите свои капацитети само на една тема – проверување на можноста дали Драган Павловиќ Латас, медиумската перјаница на груевистичката преродба и македонски Србин со античко-словенско потеткло, бил евидентиран соработник на некоја странска разузнавачка служба (според пишувањето на “Време“, српската) и дали учествувал во организирањето на вандалскиот упад во американската амбасада во Скопје во 1999 година за време на НАТО-бомбардирањето на тогашниот Милошевиќевски режим во Србија! Тие напори на македонските безбедносни структури, после веруваме обемните проверки и слично (!?) вродија со плод. На барањето на Латас доставено до МВР вчераутро (тој вели поднесено рано, рано сабајлето, такаречи со првите петли – пази да не!, целата работа е почната после 11 часот), МВР, лично со печат и потпис на министерката Јанкулоска до крајот на работното време му врачи одговор дека таа личност (Латас) ниту бил евидентиран странски разузнувач, ниту пак, има сознанија дека учествувал во палењето на американската амбасада.



Така, според Латас и неговите поддржувачи и логистичари во власта, турена е точка на аферата што “Време“ ја пласираше во своето понеделничко издание, аргументирајќи ја со, според весникот, валидни документи на УБК (поранешна ДБК) за шпиунските активности на дотичниот новинар. Но дали е така?

Ама пред тоа, што всушност објави “Време“? Имено, овој весник повикувајќи се на документи (службени белешки и снимени телефонски разговори, што се своевидни оперативни документирани материјали), од поранешната македонска ДБК (сега УБК), пренесе дека гореспоменатиот Латекс, односно Латас, бил резидент на спрската разузнавачка служба, којшто, наводно, директно бил инволвиран во организирањето на протестите пред американската амбасада во Скопје што резултираа со нејзно хаварисување. Плус ова, весникот донесува и дел од службена белешка, стуткано во едно антерфиле (рамка), посветена на неговиот шпијунлак против тогаш владеачката ВМРО-ДПМНЕ на чело со Георгиевски, а за сметка на “Големиот човек“ и “отаџбината“ (Милошевиќ и Србија-з.н.), во која Латас објаснува дека неговите познаници во ДПМНЕ се на маргините и дека на власт во таа партија (во тоа време) се пробугарските кадри, што сепак, нема да го намали неговиот ентузијазам да се обиде да работи на собирање информации и подлабоко инволвирање во таа партија.

Тука, како важна дигресија ќе го цитираме приближно, легендата на македонското контраразузнавање, покојниот Тошо Шкартов, кој своевремено знаеше да каже дека големите текстови најчесто се “празни“, во споредба со оние мали куси информации (не поголеми од десетина реда), преферирајќи лично редовно да чита телеграфски вести, и особено – некролози. Ова го напоменуваме не заради минимизирање на значението на текстот на “Време“, во споредба со нотираната “рамка“, туку заради дидактичка припомош на читателите кои решиле да мозгаат околу отворената шпијунска афера.

Значи, “Време“, пласираше, генерално земено еден коректен текст (од професионален аспект гледано), со стегната нарација, и аргументи, што се разбира, весникот допрва ќе треба јавно да ги потврдува. Токму затоа, првичните обиди на Латас (преку “Сител“) целиот настан да го прикаже како внесување на зла крв меѓу двата народа (македонскиот и спрскиот, иако не ни е јасно кога тоа народите се карале) и меѓу двете држави, со некакви круцијални контрааргументи од типот дека службените белешки не се поклопувале временски или дека единствениот сведок на разговорот со споменат српски разузнувач бил неговиот колега Драган Поповски од “Сител“, човек кому ептен му верува и нема шанса да бил кодош на ДБК, беа турени во втор план. А на сметка на добиената црно на бело потврда од македонското МВР, заверена со потпис лично од министерот Јанкулоска – дека Латас не бил шпиун, ниту српски ниту нечиј друг.

Но настрана “јамството“ на Јанкулоска (што се разбира е мошне интересна тема која бездруго во наредниот период ќе дојде на дневен ред), Латас не успеа да го анулира првичниот впечаток кој што текстот во “Време“ го продуцираше во јавноста, особено меѓу оние упатените во македонските општествени прилики. На крајот на краиштето и без шпиунлакот (дали го има или не) ноторен е фактот дека Латас е најконзистентниот овдешен поропагатор на милошевиќевскиот политички светоглед и практика: ред манипулации, ред шпекулации, ред чисти измислици и моронштини, а сето тоа “обландирано“ во смеса од некаков патриотизам, плус задолжителен популизам, плус незаобиколна исклучивост. Значи, не е никаква тајна дека од неговата појава во средината на деведесетите, до денес без оглед на динамичното менување дресови (политички), овој прозван новинар, кој за себе тврди дека е величина – што и не е далеку од вистината во ова гомнарско општество на незнаење и простотилак – Латас Павловиќ не отстапил ни за “јота“ од својата македонска варијанта на равногорството.

Оттаму, независно кој правец ќе го “фати“ оваа афера чија што централна фигура, барем во моментов, е споменатиот, сега и овде таа се доживеа како своевидно официјализирање на веќе познатото – продавање геџовански пуфки во пакувања од македонски државни политики! Дури контрапродуктивно излезе и обраната на прозваниот “српски шпијун“, експресно организирана како двочасовна мантричка сеанса во емисијата на оној журналистички дебил Јанко Илкоски. Не само што дотичниот (Д.П.Л) не успеа да срочи концентрирана приказна во своја полза, туку спротивно од тоа – ги назначи конретните загуби со коишто преродбата ќе се соочи од аферата, независно дали таа ќе продолжи или ќе заврши идентично како и онаа со швајцарските сметки на Црвенковски.

Имено, лицето ДПЛ прозивајќи го Љубета Бошковски како креатор на аферата, притоа фрлајќи дрвја и камења по него, всушност даде дополнителни мобилизирачки аргументи за сето старо дпмнеовско членство во нивниот резолутен отпор кон преродбата и нејзиниот предводник Груевски, кому после ова, сосе сите предизборни “активности“ на братучед му, нема да му успее никогаш повеќе да ги преобрати нивните гласови во свои! Тука повеќе нема дилеми. Истовремено, Латас преку својот настап го потврди оправданиот анимозитет и гнасење од политиката македонска што беше (и се уште е) преовладувачко поведение на мнозинството гласачи Македонци, потврдено на последните неколку изборни циклуси.

И, напоредно со овој најнов и импозантен пример за местото и улогата на политичкото подземје во управувањето и креирањето на македонската сегашност и иднина, оваа афера прилично изненадувачки ја покажа преродбеничката “ровитост“. Одеднаш и без пардон, и без оглед што причините со голема веројатност треба да се бараат во сферата на персоналните пресметки, преродбата беше мавната директно во “челенка“, оти Латас сепак може комотно да се смета за една метафорична персонификација на груевизмот. Очигледната намера на “Сител“ и на самиот прозван “српски шпијун“ што поскоро да стават точка на аферата, не помога многу. Дури не помогна ни изјавата на тогашниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов, навидум во одбрана на Латас, дека дотичниот не учествувал, како ни било кој друг новинар, во “нападот на амбасадата“ – Трајанов не кажа низ збор фазла за досиеа, оперативни обработки, и други материјали!

Практично преродбата не само што доби непријатна (и оправдана!?) етикета, туку јасно и е ставено до знаење дека таа сосе сета сила и пари на своја страна не е баук. Уште помалку дека актуелниов преродбенички апсолутизам е претплатен на долговечност. На крајот на краиштата ова сериозен чин кој говори за стравичната раздвиженост во овдешното и поширокото политичко подземје. На каде ќе тераат работиве само Господ знае, но монотоно нема да биде - тоа е повеќе од сигурно.
   Незнам дали се партизирани судовите
   Свинскиот грип најголем медицински скандал на векот!?
   Предолгиот “источњачки” јазик на Божидар Димитров
   Различни, а сепак исти
   Геџовански мајсторлаци за македонцките работи
   Незнам дали се партизирани судовите
   И СДСМ “манифест” за трка има
   И СДСМ "манифест" за трка има
   Ние си тресеме глупости, Грците си водат политика
   Лагата како вредност, лицемерието како стандард
Tribune
najdi.com.mk
МЕДИУМ
Виктор Соколовски
Празничен ден
АНКЕТА
Дали Црвенковски ќе спроведе реформа во СДСМ

Мало морген
Можеби
Сигурно
© Неделен интернет магазин Tribune. Сите права задржани. е-mail : info@tribune-eu.com