| Број: 220 | Издание: 15/5/2009, освежено: 15/5/2009 |
   :: почеток :: контакт :: маркетинг :: за нас ::

ПОЛИТИКА
Политички перверзии: избори - за кого и за што!?
Различни, а сепак исти





Овдешната опозиција му се намерачила на Никола Груевски да го “тепа“ – и тоа на предвремени избори. Прво Љубе Бошковски, а со таквата смела и такаречи победничка еуфоричност и Бранко Црвенковски, им дадоа до знаење на груевистите дека им ја фрлаат ракавицата во лице. Демек не им се плашат: од избори! Дури и во албанскиот политички блок – раздвиженоста во ДУИ, како и кобожемското излегување од ДПА на Рафет Елмази, што консеквентно повлече масовен одлив (т.е. враќање) на кадри од Нова Демократија на Имер Селмани, во редовите на Менудховата партија – избороманијата зема замаф. Единствено Груевски нешто како да се неќка тврдејќи дека “засега“ не се планирале предвремени избори. Но каква е тоа гаранција од човек кој штом зине лагата просто сама, махинално, му навира на уста.

Значи на избори, предвремени, треба да се надеваме, дотолку повеќе што тие сега дополнително “аргументирани“ со се погласниот меѓупартиски “консензус“ (за нивно одржување) на Груевски му доаѓаат како посакувано алиби за натамошно пролонгирање не само на онаа веќе до бескрај досадна македонско-грчка дрндупка наречена “спор со името“, туку и за пролонгирање на сеопштиот економско-социјален па ако сакате и образовно-културен колапс што и се заканува на оваа држава. Тоа купено време овдешниве лидерчиња нема да ги чини ништо особено, што не би можело да важи и за граѓанството, т.е неговиот ептен мнозински дел којшто таквите нови политички мастурбации ќе го чинат претерано многу – едно стотина чекори поблиску до пеколот!

Меѓутоа, настрана сите авантури коишто во “survival“-от што ни претстои не чекаат нас обичните смртници, за набљудување е, без сомнение, актуелната атмосфера на едногласие во редовите на македонската политичка “елита“ кога се во прашање изборите, предвремени. Ако на ова се додаде и “новиот“ политички “фон“ на Црвенковски (како неформален опозициски лидер) во неговите последни јавни настапи, во кој се препознава една чудна уважувачка одмереност, некаква просто гранкова солидарност, надополнета со комоција и однекаде (не се знае од каде) изникнат оптимизам во сопствената (партиска) сила, тогаш нужно се наметнува заклучокот дека не очекуваат “нови“ политички заплети од кои сите ќе бидат задоволни освен, се разбира, граѓаните на Република Македонија. Имено, во сиот изминат период на делување на старо/новиот лидер на СДСМ ноторен е фактот дека, освен политичките околности (регионални и пошироки), ама баш ништо овде во Македонија не го попречи или не се спротивстави на забревтаниот преродбенички чекор на груевизмот да не прероди од лошо во бетер! Црвенковски, сега, после неколкуте месеци вредно теренисување од едан во друга канцеларија во зградата на “Бихаќка“, што резултираше со консолидација на партиската база така што сега буквално секој е против секого, а врв на демократските стандарди е гласање за однапред донесени ставови и кадровски листи, реши да тргне “поофанзивно“ прогласувајќи се себе си и Груевски за Даме и Гоце (не е познато кој е кој, но не е ни важно). Притоа, дури провоцирајќи го преродбеникот на изборен мегдан, во кој демек ќе го детронизирал заради штетната (!?) политика.

Од друга страна, пак, Груевски освен што продолжува да го ползува, на формално рамниште, ликот на Црвенковски, како основна позадина на својата катадневна адвертајзинг политика, исто така, не се претегнува од суштинско демистифицирање на улогата на Црвенковски во уназадувањето на македонската држава. И на неговата одмереност одговара со умереност, критикувајќи го некако “округло“ па на ќоше и педантно одржувајќи го предавничко-патриотскот амбиент (што, патем речено, и Црвенковски го признава и поддржува) како ексклузивен политички мегдан небаре се друго е решено во државава та само тоа остана или тоа е клучното без што ни нема живот.

Со оглед на нашето богато граѓанско искуство, кога се во прашање овдешните политички “првенци“, уште сега може да се насети дека актуелната атмосфера којашто се крерира во јавноста засмрдува на уште една во политичкото македонско подземје замислена и од таму менаџирана измама на граѓаните коишто треба изборно да се конфронтираат за секој од играчите на политичката сцена го добие договорениот дел од колачот. Односно, да добие доволно гласови што ќе овозможат натамошно политичко егзистирање. Извештени се тие во политичките подземни преговарања и договарања, т.е. нема да им биде првпат...

“Дилот“ како политичка опција воопшто не треба да го занемариме. Минатонеделните обзнанети анкетни резултати и репликите што околу нив уследија (демек на ДПМНЕ рејтингот и натаму му се топи, брзо, а пак на СДСМ се зголемува, ама бавно) само дополнително го засилуваат погоре нотираниот впечаток за матни кокетирања зад сцената. Во крајна линија доволно е да се потсетиме на првите месеци владеење на преродбата кога таа груевистичко-бранковистичка коабитација функционираше ептен мазно (смена на Љупчо Јордановски од местото амбасадор во САД, јавно одработување на кампања во полза на Радмила Шеќеринска и напоредно со тоа јавно/тајно компромитирање на Бучковски со цел да се стргне од челната позиција на СДСМ). Исто така со жалење мораме да констатираме дека во регионалните политички контексти и Груевски и Црвенковски имаат идентични (послушнички или прислужнички) позиции па Македонија и натаму изгледа како колонија на српско-грчките интереси.

И како резиме: сите предиспозиции за уште една нова а гнасна фаза од македонската самостојна политичка практика постојат, само треба да ги дочекаме и преживееме
   Незнам дали се партизирани судовите
   Свинскиот грип најголем медицински скандал на векот!?
   Предолгиот “источњачки” јазик на Божидар Димитров
   Различни, а сепак исти
   Геџовански мајсторлаци за македонцките работи
   Незнам дали се партизирани судовите
   И СДСМ “манифест” за трка има
   И СДСМ "манифест" за трка има
   Ние си тресеме глупости, Грците си водат политика
   Лагата како вредност, лицемерието како стандард
Tribune
najdi.com.mk
МЕДИУМ
Виктор Соколовски
Празничен ден
АНКЕТА
Дали Црвенковски ќе спроведе реформа во СДСМ

Мало морген
Можеби
Сигурно
© Неделен интернет магазин Tribune. Сите права задржани. е-mail : info@tribune-eu.com