| Број: 220 | Издание: 15/5/2009, освежено: 15/5/2009 |
   :: почеток :: контакт :: маркетинг :: за нас ::

ПОЛИТИКА
Советот на Европа пред поведување истрага
Свинскиот грип најголем медицински скандал на векот!?





На барање на претседавачот на Комитетот за здравство на Советот на Европа, д-р Волфганг Водарг, на крајот од месецов парламентарното собрание на оваа организација на своето заседание ќе се позанимава со барањето за покренување на истрага околу тоа дали, односно, што стои зад пандемијата на свинскиот грип, којашто според подносителите на оваа иницијатива претставува најголем медицински скандал на векот. Доктор Вогард е уверен дека постои златен триаголник на корупцијата меѓу Светската здравствена организација, фармацевтската индустрија и академските научници, криминал за кој што се тврди во барањето за парламентарна расправа, односно покренување истрага, трајно им наштети на животите на милиони луѓе, па дури и предизвика човечки жртви. Според тоа грозоморно сценарио, големите фармацевтски компании сакајќи да ги продадат своите вакцини, влијаеле на научниците и на агенциите кои се бават со јавното здравство да ги дигнат на узбина светските влади, присилувајќи ги да набават енормни количини бескорисни вакцини, со што милиони здрави луѓе беа исложени на ризици чиишто димензии, пак, никој се уште неможе ни да ги претпостави. Од друга страна официјални претставници на Европската комисија, која инаку пред неколку месеци беше благонаклона и со многу пофалби за вакцините против свинскиот грип, велат дека ќе ја поддржат истрагата. Зборувајќи за тоа, претставникот на Комесаријатот за здравство на ЕК, Нина Пападулаки изјави: “За истрагата дознавме од медиумите, па воспоставивме контакт со Советот на Европа, како и со СЗО. Во моментов се обидуваме да дознаеме повеќе за тоа, а единствената информација со којашто сега располагаме е дека барањето за поведување истрага е поднесено и за него ќе се расправа на парламентарна сесија на Советот на Европа при крајот на месецов. Она што е сигурно е дека досега работевме во соработка со државите членки и со СЗО со цел да се подготвиме за пандемијата и да воспоставиме структури и систем како соодветен одговор на глобалната здравствена закана“. Од Европската комисија одбиваат да се изјаснат дали истрагата е потребна или не, потенцирајќи дека ЕК ќе се позиционира зависно резултатите од таа истрага. Се разбира, од ЕК велат дека никогаш не ги присилувале Европејците да се вакцинираат, потврдувајќи дека станува збор за сигурни вакцини со пропратни појави што ги следат и сите други вакцини. Додека парламентарната комисија се подготвува за истрага, известувачите од Брисел потсетуваат дека не така одамна, по слично сценарио, се одвиваше и епидемијата на птичјиот грип. Тогаш, меѓутоа, никој со прст не покажа кон фармацевтските компании, забележувајќи дека во тоа време, можеби, стануваше збор за своевидна генерална проба на претставата во која што денес сме учесници.
   Незнам дали се партизирани судовите
   Свинскиот грип најголем медицински скандал на векот!?
   Предолгиот “источњачки” јазик на Божидар Димитров
   Различни, а сепак исти
   Геџовански мајсторлаци за македонцките работи
   Незнам дали се партизирани судовите
   И СДСМ “манифест” за трка има
   И СДСМ "манифест" за трка има
   Ние си тресеме глупости, Грците си водат политика
   Лагата како вредност, лицемерието како стандард
Tribune
najdi.com.mk
МЕДИУМ
Виктор Соколовски
Празничен ден
АНКЕТА
Дали Црвенковски ќе спроведе реформа во СДСМ

Мало морген
Можеби
Сигурно
© Неделен интернет магазин Tribune. Сите права задржани. е-mail : info@tribune-eu.com