| Број: 220 | Издание: 15/5/2009, освежено: 15/5/2009 |
   :: почеток :: контакт :: маркетинг :: за нас ::

ПОЛИТИКА
Грчки поглед на спорот со името
Географска одредница ги спречува можните монополи врз историјата





Ако спорот за името се реши со географска одредница, тоа значи дека никој нема право да бара монопол врз историјата на регионот, идентитетот, симболите. Вака коментира професорот Аристотел Циампирис, кој во центарот Вудроу Вилсон минатата недела говореше за новата грчка надворешна политика со доаѓањето на ПАСОК на власт.

Новиот премиер Јоргос Папандеу ќе се залага за влез на сите балкански земји во ЕУ до 2014-та, предвидува професорот Циампирис кој работи на Одделот за меѓународни и европски студии на Универзитетот во Пиреја. “Со новата администрација во Грција ќе забележите поактивна надворешна политика на Западниот Балкан за евроатланска интеграција на регионот“, смета Циампирис.

За разликите околу името, професорот не гледа простор за поместување од грчка страна, иако Папандреу важи за умерен политичар. Едно сложено име со географска одредница за целосна меѓународна употреба би требало да биде продолжението на досегашната грчката политика, независно кој е премиер, смета тој. Средбата меѓу премиерите Груевски и Папандреу во Брисел за Циампирис е добар почеток, но тој е внимателен оптимист. “Нешто што трае 18 години не може да се реши со една средба. Но, фактот дека двајцата премиери се среќаваат - и сигурен сум дека ќе бидат разменети погледи и идеи - е значајно и веројатно сме сведоци на нов обид за изнаоѓање решение за долготрајниот спор“, коментира Циампирис. Според него: “Ако спорот се реши со име со географска одредница, тоа значи дека никој нема право да бара монопол врз историјата на регионот, идентитетот, симболите... Размислувањето е дека ако името е Северна Македонија – нешто што означува географија, но не идентитет или историја, тогаш никој не го монополизира името и она што доаѓа со него и сите тргнуваме напред“.
   Незнам дали се партизирани судовите
   Свинскиот грип најголем медицински скандал на векот!?
   Предолгиот “источњачки” јазик на Божидар Димитров
   Различни, а сепак исти
   Геџовански мајсторлаци за македонцките работи
   Незнам дали се партизирани судовите
   И СДСМ “манифест” за трка има
   И СДСМ "манифест" за трка има
   Ние си тресеме глупости, Грците си водат политика
   Лагата како вредност, лицемерието како стандард
Tribune
najdi.com.mk
МЕДИУМ
Виктор Соколовски
Празничен ден
АНКЕТА
Дали Црвенковски ќе спроведе реформа во СДСМ

Мало морген
Можеби
Сигурно
© Неделен интернет магазин Tribune. Сите права задржани. е-mail : info@tribune-eu.com