|
|
| ПОЛИТИКА |
Владин автогол
За што дебатира Јанкулоска со “Достоинство”!?
Дека актуелната влада, или поточно владеачката ДПМНЕ нема конзистентна политичка пракса дури и кога станува збор за политичката пропаганда, како владин најразработен сегмент, покажуваат актуелните случувања на тема бранители и поранешни припадници на ОНА. Владата која пред појавата на овој “случај“ успеа брзопотезно да ја матира не само опозицијата туку и овдешната јавност, одеднаш паѓа на испит релативно лесен и решлив – статусот на поранешните припадници на ОНА и на бранителите од конфликтот во 2001 година.
Министерката Јанкулоска сосема непотребно, за инаку политички мошне коњуктурно прашање, се впушти во дебатирање со здружението Достоинство во момент кога македонската јавност се подготвуваше да го “свари“ нормативното регулирање на статусот на поранешните припадници на ОНА. Иако основот од кој што тргна во расправата беше претерано тенок – одземањето, односно тужбите на државата против семејства на загинати бранители кои, според државата односно МВР, незаконски земале оштета за загинувањето на нивните најмили. Поглупа и политички поштетна расправа –здравје. Се чини дека дпмнеовските советници или опинион мејкери како да заминале малку на одмор по динамичните денови претходно, па во недостаток на контрола политичарите од ДПМНЕ почнаа да се даваат автоголови.
|
|
|
|
|
|
|
|
|