| Број: 220 | Издание: 15/5/2009, освежено: 15/5/2009 |
   :: почеток :: контакт :: маркетинг :: за нас ::

ЕКОНОМИЈА
Игра со бројки
За државата невработеноста се намалува, за синдикатите – се зголемува





Продолжува трендот на постојано намалување на бројот на вработените во индустријата, кој започна во стартот на 2009 година. Иако Владата оптимистички го најави излезот од кризата и прогнозираше благ раст на БДП во третиот квартал, во септември, според Државниот завод за статистика, повторно има намалување на бројот на вработените во индустријата за 9,6 отсто во споредба со истиот месец лани. Во деветте месеци од годинава, во споредба со истиот период од лани, за 6,3 отсто се намалил бројот на овие вработени, додека во споредба со просечниот вкупен број работници во 2005 година, во изминатите девет месеци има намалување за 14,3 отсто. И понатаму, најголем пад на бројот на работници имало во секторот вадење руда и камен, каде што за 25,7 отсто имало помалку вработени во однос на 2005 година. Следуваат вработените во преработувачката индустрија, кои биле за 13,4 отсто помалку во споредба со 2005 година, и оние од секторот снабдување со електрична енергија, гас и вода, чиј број на вработени во изминатите девет месеци бил помал за 10,7 отсто од вкупниот број вработени во 2005 година.

Паралелно со статистичкото намалување на бројот на работниците во индустријата и процесот на затворање на фабриките, посебно на текстилните, каде што поради кризата се стави клуч на 40 отсто од погоните, а 10.000 работници се испратени дома, Агенцијата за вработување продолжува да регистрира помалку невработени. Од јануари до крајот на септември, секој месец се евидентираат се помалку невработени. Додека во јануари имало 348.369 лица без работа, во мај биле 349.063, а во септември стасале до 341.893. Оттаму, повторно се наметнува прашањето дали официјалните показатели за невработеноста се реален приказ на економските состојби во државата или можеби таа паѓа вештачки, поради чистењето на списоците од страна Агенцијата!?

Според неодамнешните анализи на Сојузот на синдикатите на Македонија, Агенцијата регистрира помалку невработени, не поради тоа што навистина расте вработеноста, туку вештачки, поради бришење од списоците на оние што задоцниле да се пријават навреме. ССМ објави податок дека дури 53.000 лица се избришани во период од една година, од јуни минатата година, до јули годинава, во исто време кога поради кризата околу 20.000 лица останаа без работа. Во спротивно, реално невработеноста би била многу поголема и би изнесувала околу 400.000, што би претставувало околу една петтина од вкупниот број жители во земјава, констатираа неодамна од ССМ.

Од Агенцијата, пак, ги демантираа податоците на ССМ, оценувајќи дека Синдикатот е некомпетентен да ги толкува статистичките информации и дека институцијата постапува согласно со пропишаните законски норми.
   Владата најавува отстапки пред жестоките критики на ЕЕЗ
   За државата невработеноста се намалува, за синдикатите – се зголемува
   План за спуштање на дефицитот на 2 отсто
   Нема потреба од посткризна еуфорија
   Пљачка еднакво на профит
   Владиното задолжување скапо ќе ја чини македонската економија
   Засилен тренд на пад на индустриското производство
   Натамошно задолжување, високи камаптни стапки, нереални проекции
   Владата итно да интервенира во трите најзагрозени сектори
   Енергетската регулатива мора да се хармонизира со европската
Tribune
najdi.com.mk
МЕДИУМ
Виктор Соколовски
Празничен ден
АНКЕТА
Дали Црвенковски ќе спроведе реформа во СДСМ

Мало морген
Можеби
Сигурно
© Неделен интернет магазин Tribune. Сите права задржани. е-mail : info@tribune-eu.com