| Број: 220 | Издание: 15/5/2009, освежено: 15/5/2009 |
   :: почеток :: контакт :: маркетинг :: за нас ::

ОПШТЕСТВО
Отворено со Грујо преку Томиќ
Ем преродба, ем 90.000 евра во џеб





Македонската телевизија во наплив на креативност и реформски понесена реши за ни помалку ни повеќе туку рамно 90.000 евра да ги “почасти“ граѓаните, инаку нејзини задолжителни претплатници, со нов едногодишен циклус на драмолетки од приватната информативна емисија Газот (пардон) Гласот на народот, на онаа будалетинка што се прикажува за новинар, Слободан Томиќ, овој пат насловена како Отворено со народот. Иако не е јасно со што тоа, или подобро речено од каде проценките на МТВ дека јавното тв лигавење на Томиќ ќе им донесе профит (оти претпоставуваме дека тоа е мотивот!?) па 90.000 евра ќе им се вратат, плус заработката, и МТВ и Томиќ се обидоа да појаснат дека нема никакво давање-земање “кеш“ туку такаречи пазарот се одвивал во “натура“, тие нему рекламен простор а тој ним гледаност. За нас, без дилема, е целосна енигма кој тоа се уште ја гледа МТВ а особено Томиќ на неа, ако ги изземе оние рурални средини и партиски војници кои по директива мора да дремат пред тв екраните, башка да вртат по тоа телефоните со однапред срочени диктати, сосе малцинство од гледачи кои, пак, не од убаина туку од професионално морање мора да ги слушаат шеесет и кусур митнутите гнасотилаци на овој обожавател и проповедник на преродбеничкиот месија. Во секој случај тоа ќе биде уште еден убав прилог во надградбата на македонското новинарство и негово професионално стандардизирање согласно трендовите во оваа професија – се разбира како циркузантски егземплар!
   Медиумска репресија обоена во “розево”
   Потребно ни е етичко прочистување
   Ем преродба, ем 90.000 евра во џеб
   Да нема споменици од Првата и Втората светска војна за балканските земји
   Тренковски се замина од Фондот за здравство
   Ние немаме нормално правосудство
   Обвинението против Тупурковски и Андонов правно неосновано
   Резолуција за изедначување на жртвите од нацизмот и стаљинизмот
   Нема ни порамнување ни помирување со државата околу велешката Топилница
   Резолуција за изедначување на жртвите од нацизмот и стаљинизмот
Tribune
najdi.com.mk
МЕДИУМ
Виктор Соколовски
Празничен ден
АНКЕТА
Дали Црвенковски ќе спроведе реформа во СДСМ

Мало морген
Можеби
Сигурно
© Неделен интернет магазин Tribune. Сите права задржани. е-mail : info@tribune-eu.com