| ОПШТЕСТВО |
Оставка
Тренковски се замина од Фондот за здравство
Еден од ретко успешните менаџери во државната администрација, директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) Ѓорѓи Тренковски си замина од функцијата. Поднесувајќи оставка која Тренковски појасни дека ја поднел од лични причини, јавноста, сепак, беше ускратена од други информации, дотолку повеќе што станува збор за една од “најбогатите“ државни институции, која изминативе две недели жестоко ја потресуваше проблемот со новата позитивна листа на лекови, односно спорот на релација Фонд-Министерство за здравство.
Упатените велат дека Тренковски, кој многу повеќе важеше за човек на Минчо Јорданов (претходно беше директор на приватната болница Ремедика сопственост на семејството Јорданови), отколку за партиски човек на Никола Груевски, се повлекол поради притисоците што врз него ги правеле овдешните веледрогерии во трката по фондовските пари.
Но, исто така, неговата позиција дополнително беше разнишана, со помалку познатите информации дека тој влегол во директен конфликт со мајката на премиерот Груевски којашто вработена како советник во Фондот, набргу потоа почнала да директорува од сенка што се на се ја зовреало и онака зовреанта состојба на Тренковски. Горе долу работите се сведуваат на парите, за што времето ќе ни посведочи...
|
|
|
|