| Број: 220 | Издание: 15/5/2009, освежено: 15/5/2009 |
   :: почеток :: контакт :: маркетинг :: за нас ::

КУЛТУРА
“Астерфест”
Овогодишната награда “Астер” за бугарскиот режисер Рангел Влчанов





Рангел Влчанов од Бугарија е добитник на овогодинешното филмско признание „Астер“ за високи достигнувања во полето на авторскиот филм во ЈИЕ и пошироко. Досегашни добитници на ова признание од претходните години на „Астерфест“ се Бранко Гапо, Карољ Вичек и Лордан Зафрановиќ. Режисерот Рангел Влчанов е филмски автор на многу играни и документарни филмови кои досега освојувале престижни награди на фестивалите во Мелбурн, Сан Франциско, Карлови Вари, Кан, Москва. Меѓу најпознатите негови дела се филмовите „На малиот остров“, „Лакираните чевли на незнајниот воин“, „Мечтател“, „А сега каде“, „Лице под маска“, „Индија љубов моја“, „Сонцето и сенката“ и др. Овој витален и плоден осумдесетгодишник неодамна беше прогласен за режисер број еден на 20 век од страна на своите бугарски колеги. Се очекува Рангел Влчанов да пристигне на отворањето на фестивалот „Астерфест“ на 27 мај во Домот на АРМ во Струмица, кога ќе му биде врачено признанието „Астер“, а во таа прилика ќе биде прожектиран и краток фрагмент од неговиот опус. Претпладнето на 29 мај во предворјето на манастирот во Вељуса ќе се одржи Астер-портрет посветен на неговото творештво. Инаку, на овогодинешното петто, јубилејно издание на „Астерфест“ ќе бидат прикажани околу педесет филма во петдневната програма од 27 до 31 мај на неколку локации, а ќе има и придружен изложбено-промотивен сегмент.
   Животот е убав, зарем не?!
   Овогодишната награда “Астер” за бугарскиот режисер Рангел Влчанов
   Општина Центар ќе објаснува кај ќе има споменици
   Трета премиерна претстава
   ПРИВЛЕЧНА МИСТИЧНОСТ
   Се очекува блескава презентација на македонската култура
   Лауреат Томислав Османли
   Првата награда за Никола Узуновски
   Суштината на воинот и митологијата на стрипот
   МНТ го награди Александар Микиќ
Tribune
najdi.com.mk
МЕДИУМ
Виктор Соколовски
Празничен ден
АНКЕТА
Дали Црвенковски ќе спроведе реформа во СДСМ

Мало морген
Можеби
Сигурно
© Неделен интернет магазин Tribune. Сите права задржани. е-mail : info@tribune-eu.com