| Број: 220 | Издание: 15/5/2009, освежено: 15/5/2009 |
   :: почеток :: контакт :: маркетинг :: за нас ::

КУЛТУРА
“Завештанието” на преродбата
Општина Центар ќе објаснува кај ќе има споменици





Разочарани од начинот на кој медиумите ги презентирале локациите на новонајавените споменици, општинарите од Центар најавуваат дека наскоро ќе се обидат да направат сопствена видеопрезентација за тоа како ќе изгледа просторот на плоштадот и во околината откако ќе се наместат сите скулптури. Само пет од вкупно 16 споменици што општината Центар треба да ги постави во центарот на градот ќе бидат сместени на плоштадот “Македонија“. Споменикот на Александар Македонски, кој ќе се наоѓа во центарот на плоштадот, потоа споменикот на Цар Самоил, кој ќе се наоѓа на влезот на улицата Македонија, а во близина на кафулето “Тренд“ ќе биде сместен споменикот на Методија Андонов Ченто. Во почетокот на Камени мост од страната на плоштадот ќе бидат поставени спомениците на Гоце Делчев, од левата страна, и на Даме Груев, од десната страна на мостот. Други споменици што ќе бидат поставени во близина на плоштадот се спомен-обележјето на АСНОМ, во кое ќе биде и скулптурата на поранешниот претседател на Македонија Киро Глигоров во паркот Жена-борец, каде што ќе биде и споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација. Кирил и Методиј, како и Климент и Наум, ќе бидат на левата и на десната страна на Камени мост, но не кај плоштадот, туку од спротивната страна, пред хотелот „Стоун бриџ“. Статуата на македонскиот ајдутски водач Карпош ќе се смести во подножјето на мостот, на локацијата каде што тој бил погубен во 1689 година.
   Животот е убав, зарем не?!
   Овогодишната награда “Астер” за бугарскиот режисер Рангел Влчанов
   Општина Центар ќе објаснува кај ќе има споменици
   Трета премиерна претстава
   ПРИВЛЕЧНА МИСТИЧНОСТ
   Се очекува блескава презентација на македонската култура
   Лауреат Томислав Османли
   Првата награда за Никола Узуновски
   Суштината на воинот и митологијата на стрипот
   МНТ го награди Александар Микиќ
Tribune
najdi.com.mk
МЕДИУМ
Виктор Соколовски
Празничен ден
АНКЕТА
Дали Црвенковски ќе спроведе реформа во СДСМ

Мало морген
Можеби
Сигурно
© Неделен интернет магазин Tribune. Сите права задржани. е-mail : info@tribune-eu.com