|
|
| КУЛТУРА |
Градски театар Скопје
Трета премиерна претстава
Незавршена приказна е насловен проектот што го потпишаа поетот и новинар Борче Грозданов Пандур, актерката Емилија Андреева и нивните соработници. Ова наедно беше и третата премиера на новоформираниот Градски театар Скопје.
По многу години од пионерските зафати на Мите Грозданов и Михаил Ренџов, потем и напорите на Тихомир Стојановски, Мину Угриновска, Владо Денчов и групата уметници собрани околу СКРБ И УТЕХА, еве нов авторски проект кој може да биде бележан како поетски театар. “Незавршена приказна“ е еден вид поетска монодрама базирана врз стиховите на Борче Грозданов Пандур во која настапува актерката Емилија Андреева, а која како трета премиера на Градскиот театар Скопје, во копродукција со театарот Македонија, ќе се обистини на сцената на Младинскиот културен центар.
Како основа за ова поставка се земени двете поетски дела на Пандур, Пориви и Грст стихови. Репризата на Незавршена приказна беше во петок, на 15 мај, а потем претставата, заедно со Р од Јордан Плевнеш во режија на Дејан Пројковски и Последната лента на Крап од Семјуел Бекет што ја постави Ристо Алексовски, ќе биде на редовниот репертоар на Градски театар Скопје.
|
|
|
|
|
|
|
|
|