|
|
| МЕДИУМ |
Фото-расказ
Празничен ден
Виктор Соколовски
Место на случување: железничка станица –Скопје
Време на случување: 21.09.2009, доцна попладне
Животот на луѓето со посебни потреби, и самиот по себе трагичен, дополнително е обременет со негрижата на поширокото општество, а често и поради отсуството на солидарност од страната на сограѓаните.Таквите луѓе најчесто се приморани самите да пронајдат начин како да го остварат основното човеково право на слободно движење,право кое животот веќе им го ограничил, а општеството нема слух да го надомести.


Дали одговорните за железничката станица во Скопје,и воопшто-одговорните во државава-деклариран претендент за влез во Европа, ќе покажат разбирање и секако капацитет, во најскоро можно време, да пронајдат решение за несфатливата мизерна состојба во која, не по своја воља, се наоѓаат оние, на кои „пружената општествена рака“ најмногу им е потребна?!



|
|
|
|
|
|
|
|
|